Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер на подготовки на Златибор, пред Супер купот и стартот на АБА2 во Битола

Екипата на  КК Пелистер од Битола се наоѓа на подготовки на Златибот, каде ја одработуваат последната фаза од подготовките пред стартот на новата кошаркарска сезона и пред натпреварот од Супер купот, против екипата на МЗТ Скопје на 28 септември.

Тренерот Алексадар Петровиќ  ќе ја тестира екипата и на две пријателски средби, на 19 септември противник ќе биде екипата на Приморје и Златибор, а со цел да е подигне формата на посакувано ниво, но и заедништвото и атмосферата во целата екипа, за остварување на високите цели што се поставени во пресрет на новата сезона.

-Пред една година рековме дека правиме сериозен клуб на здрави темели. Лани целта ни беше целосна финансиска стабилизација и максимално успеавме во тоа, сега сакаме да одиме чекор напред од секој аспект, како организациски така и резултатски. Заминување на подготовки надвор од сопствената сала е нешто сосема нормално во модерниот спорт, тренд што за жал во кошарката веќе извесно време е напуштен. Наша обврска како управа е Пелистер да функционира на највисоко ниво и кошаркарите и стручниот штаб да ги имаат најдобрите можни услови, овие подготовки се само потврда на нашите заложби“, изјави директорот на КК Пелистер, Филип Ивановски.

Првиот натпревар  АБА2 лигата Пелистер на домашен терен во „Боро Чурлевски“ ќе ја пречекаат екипата на Сутјеска.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »