Press "Enter" to skip to content

Ново лого за нова ера на КК Пелистер, трите врва на Баба планина, саат кулата во Битола и моликите на новиот врв

Денес, кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола во пресрет на новата натпреварувачка сезона го промовира новото лого на кошаркарскиот клуб, со нагласена симболика на Битола.  Во новиот врв се стилизирани трите врва на Баба планина – највисокиот Пелистер, Саат кулата и од моликите, а секако тука е и кошаркарсакта топка.

По тој повод КК Пелистер упати соопштение до битолчани и љубителите на кошарката во Битола во кое се вели:

-Кошаркарскиот клуб Пелистер и Битола, отсекогаш била и ќе биде една нераскинлива врска меѓу нашиот колектив и градот од кој потекнуваме, градот со кој ги делиме сите наши радости и разочарувања, со надеж за уште поголеми успеси во иднина. Токму затоа, во пресрет на новата натпреварувачка сезона управата на Пелистер се реши да го промовира новото лого на кошаркарскиот клуб, со нагласена симболика на „градот на конзулите“.. Во него се умешно вметнати детали од Баба планина, Саат кулата и од моликите, дел од заштитните знаци на нашата Битола.

Со гордост денеска и официјално го промовираме новото лого на клубот, со надеж дека оваа успешна приказна не само што ќе продолжи, туку ќе се развива до уште поголеми височини.

Исто така, со гордост можеме да најавиме дека во наредниот период на веб-страницата на КК Пелистер ќе биде официјално отворен и првиот онлајн-шоп, во кој ќе можат преку интернет да бидат реквизити на „зелено-белите“. Покрај отворањето на онлајн-шопот, истите реквизити ќе можат да се купат и во локална продавница што ќе биде објавена на денот на промоцијата на овој новитет на нашиот клуб.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »