Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарил мопед – полицијата го привела, татко пријавил дека 17 годишна девојка не се вратила дома од училиште

На 19.09.2024 на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 29 годишник од Битола. Тој се сомничи дека околу 11.40 часот го запалил мопедот со битолски регистарски ознаки, сопственост на лице од Битола, кој претходно го управувал. Увидот бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.09.2024 во 20.00 часот, во СВР  Битола В.М. (51) од Битола пријавил дека неговата ќерка на возраст од 17 години не се вратила дома од средното училиште во кое учела и дека наверојатно заминала кај нејзиното момче во Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

More from ВестиMore posts in Вести »