Press "Enter" to skip to content

Никола Димитровски, директор на “Трчај Бе со Алпско“: овој викенд 6. по ред трка, најмасовно издание до сега, во Битола 1.800 учесници од 25 земји

-На македонскиот спортски календар за поединечни спортови, во септември во Битола е “Трчај Бе со Алпско“, трката која шеста година доминира.

Битола е подготвена за најголемиот спортски настан кој ја очекува утре, на 22 септември, а тоа е шестото издание на трката која  се наметна по својата популарност.

-Годинава, според бројот на пријавени учесници кој го соопштија организаторите и изнесува 1.800 кои доаѓаат од 25 земји од светот, Филипини, Индија, САД, УК, Ерменија, Португалија, Шпанија, Бразил, Мексико, Австралија, Пакистан, Нигерија, и од многу европски земји, што го прави овој настан еден од најголемите спортски настани во регионот. Ова ќе биде најмасновото издание досега. “Трчај Бе со Алпско“  годинава е и Национално првенство во полумаратон, кое стои официјално во календарот на Атлетската федерација на Македонија, истакна Никола Димитровски, директор на трката, a за тоа како се подготвени за утрешната трка додава:

-Најдобро за да одговорам на прашањето каков е резултатот на подготовките на само еден ден пред “Трчај Бе со Алпско“ и да се извлечи одговор за тоа што се сработивме последниот месец и повеќе. Tоа e, како што реков, дека имаме најголем број на натпреварувачи оваа година, од шест континенти, а ќе имаме и национално првенство во полумаратон каде ќе настапи цела македонска национална елита. Ќе имаме и сончево време утре кое доаѓа после еднонеделни врнежи, а цело ова е награда за трудот кој што го вложи целокупниот тим на “Трчај Бе со Алпско“ минатио период.За тоа што утре ќе видат неколку илјади битолчани од стартот, низ патеката и на целта, дали ќе има новини, Димитровски вели:

-Дали ќе има има новини ќе видат учесниците на трката и публиката по патеката, а можам да најавам дека може да очекуваат патека исполнета со многу забава со триесет музички забавни точки за што имаме и посебно задолжен тим, кој што ние интерно го нерекуваме “Фан ран тим“ кој мислам дека одлично ја изврши задачата. Ќе има музичари од типот на “Паркети“, “Мемфис мафија“…, ди џеи, буквално сите расположлили битолски артисти ќе бидат по патеката. Ќе имаме програма која ќе се одвива на главниот “стејџ“ кај саат кулата, што значи дека она што ние сакаме да го постигнеме како организација, е дека учесниците потполно ќе уживаат независно од резултатот кој што ќе го постигнат, дали 5 километри ќе ги истрчаат за 50 или 15 минути.

Овој пат датумот на “Трчај Бе со Алпско“ се поклопува со датумот на одржување на фестивалот “Браќа Манаки“, а дали е случајно или намерно Димитровски вели:

-Веројатно случајности веќе не постојат, така што можам да кажам дека датумот на одржување на “Трчај Бе со Алпско“ е намерно одбран, а тоа се случува по втор пат. Овој пат се одлучивме целокупната креатива да ја направиме повеќе филмска, и затоа слоганот на нашата трка е “Филм ми е да трчам“. Јас лично сметам дека има многу поврзаности помеѓу спортот и уметноста. Нашата трка на некој начин ја сметам за уметност, а и трчањето, а ова мое мислење сигурно го делат уште многу луѓе, кои утре рано наутро ќе трчаат, а попладне ќе гледаат филм или друга содржина на фестивалот. Имаме соработка со “Браќа Манаки“, а секој учесник ќе добие ваучер за една кино проекција, а само ќе додадам: на некои луѓе филм им е да трчаат, некои трчаат по филм, а некои ги прават и двете работи.

Самата бројка на учесници кажува дека за “Трчај Бе со Алпско“ битолчани и нивните гости се вистински заинтересирани да бидат дел од трката, за што Димитровски вели:

-Јас сметам дека тоа што стигнавме до бројката 6 имаме право да се нарекуваме традиционална градска битолска трка. Битолчани очекуваат и знаат дека септември е за “Трчај Бе со Алпско“. Трчањето стана тренд, мода, а да се изразам и како помодарство можеби, но без разлика како се доживува тоа позитивно во секој поглед, а со трчањето не се позврзува ниту една негативна работа. Тоа е здраво за телото, за духот, за мислите, поттикнува здрав живот. Без разлика на причината сите кои ќе трчаат утре, посакувам тоа да го направат и понеделник, вторник или друг ден, а тоа да стане начин на живот и навика и дел од нив и секојдневието. Се радувам дека ние како трка успеавме да изградиме личности кои што нема да се појават само на една трка и да трчаат и која нема фотоапарати, камери, и дали имаат вклучен “страва“ или “гармин“ апликација, и дали ги гледа публика.

“Трчај Бе со Алпско“ е трка која ја користат големите и помалите компании кои токму во викендот кога и се одржува ги темпираат и тим билдинг активностите за што Димитровски вели:

-Тоа што го велите е исто еден од поголемите успеси кои што ги постигнала трката, а тоа значи дека имаме трка која освен за атлетичарите и рекреативците е за компаниите не само од Битола, туку и пошироко кои тука ги правата своите тим билдинг активности. Оваа година ИТ компанија “Native Teams“ која функционира низ цел свет на “Трчај Бе со Алпско“ учествува со 170 учесници од 20 земји кои доаѓаат од цел свет во Битола да ја истрчаат трката и заедно да го поминат цел викенд, да прослават и да дружат. Тука е “Таскфорс“ со исто 170 учесници, “Алпско“ со стотина учесници, “Кромберт и Шуберт“ со исто толку учесници. Тука е “Халк Банка“ со 15 учесници, “Плодност“ со 20-тина учесници, “Синпекс“, “БиМилк“, УКЛО, јавните претријатија, “МИНТ компанијата“, “Евро тип“, “Симпател“, “Бакревски“, “Адмирал“…Официјалниот дел ќе содржи три трки, на 5 километри, 10 киломери и полумаратон на 21 километар. Полумаратонот е за сите улесници, во склоп на него ќе има и национално првенство на Македонија каде ќе учествуваат 15-тина атлетичари на долги стази. 

-Наградите на 5 километри во машка конкуренција ги обезбедува нашиот битолчанец Стевче Георгиевски кој живее во Австралија, и беше долги години рекордер во Македонија, а оваа година тој ќе ги обезбеди и наградите и во женска конкуреција во чест на неговата ќерка, која почина минатата година, Марија Макри, вели Димитровски.

На 5 километри има пријавено 1300-1400 учесиви, 400 учесници има пријавено на 10 километри и повеќе од 100 учесници на полумаратон. Овие бројки на “Трчај Бе со Алпско“ му го донесоа епитетот најмасовна трка до сега. Со програмата која им ја нуди “Трчај Бе со Алпско“ на тркачите и на оние кои не можат да трчаат е трка со многу содржина, но Димитровски за крај вели дека без публика која ќе го поддржи спортскиот дух и бодрење, ова не може да биде тоа што е, една градска трка која ја има Битола.

Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »