Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пожар во Горно Оризари, малолетничко насилство

На 19.09.2024 во 18.55 часот во СВР Битола било  пријавено дека во с.Горно Оризари, битолско, настанал пожар во помошен објект , сопственост на Ц.Л. (63) од с.Горно Оризари. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид бил извршен.  
 
На 20.09.2024 во 12.00 часот во СВР Битола, Н.Г.(41) од Вевчани пријавила дека во текот на последните две недели, нејзиниот малолетен син бил психички малтретиран од друг малолетник со кој заедно живееле во ученички дом во Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.