Press "Enter" to skip to content

Реми на Пелистер во Битола со Работнички (фотогалерија)

Пелистер – Работнички 0:0

Попладнево Битола на стадионот “Петар Милошевски“, под Тумбекафе, фудбалерина на Пелистер и Работнички одиграа нерешено и си поделија по еден бод, пред публика која беше во доста голем број со оглед на тоа дека е раборен ден. Ова е трет натпревар кој завршува без бодови во Битола, после Гостиват и Струга.За “зелено – белите“ заиграа и Кардозо, Катаниќ и Ферненадињо, но тоа не беше доволно барем за еден гол со кој трите бода ќе останеа во Битола.Натпреварот беше отворен претпазлиов од страна на двете екипи, без шанса за гол, а единственото воздудување беше во 20. минута кога една случајна топка, заврши во пречката на Пелистер откако со глава биеше Адем. И сето тоа беше интересното кои публиката на стадион го виде во првото полувреме.Второто полувреме започна со шансата на Каздозо, кој по една случајна топка која дојде до него имаше одлична позиција за погодок, но шутираше многу лошо. Работнички имаше иницијатива, а како резултат на тоа во 70. минута Аломеровиќ од слободен биеше прецизно но Јовчевски, младиот голман на Пелистер не дозволи гостите да дојдат во прв гол и посакувано водсттво.На 15 минути пред крајот, во 75. минута тренерот на Пелистер, Костов направи три измени,  и проба да го освежи својот тим. Во 80. минута капитенот Ивановски излезе сам пред гостинскиот голман, одбраната на Работнички не дозволи да упати гол. Видовме уште еден удар на Аломеровиќ и поврорно одлична одбрана на Јовчевски, кој имаше и свои моменти на натпреварот.Пелистер, по седум кола има 9 бода, и се наоѓа на 7. место на табелата.Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »