Press "Enter" to skip to content

Прес конфенерција на КК Пелистер, Пелистер ќе играме играме убава кошарка за око, а ќе целиме и на трофеи

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола и во оваа сезона влегува со највисоки амбиции, не не само да бидат во врвот на македонската кошарка, туку и да освојат и трофеј.  На денешната прес конференција која се одржа во просториите на спонзорот, компанијата “Таскфорс“ во Битола , каде беше најавен стартот на сезоната зборуваа директорот на клубот Филип Ивановски, а секако и тренерот Александар Петровиќ и Александар Костоски.

Вицешампионот Пелистер максимално подготвен ја дочекува новата сезона, а управата и оваа година им обезбеди на кошаркарите беспрекорни подготовки со контролни натпревари одиграни во Бугарија, Грција и во Србија.  Директорот Филип Ивановски е задоволен од сработеното, со желба клубот да продолжи да се развива и во периодот што следи.

-Со резултатите во изминатиот период покажавме дека Пелистер станува сериозна екипа и веруваме дека таа сериозност ќе продолжи да расте од година во година. Со нашето доаѓање како главен спонзор и нова управа го продолживме развојот, обезбедивме максимални подготовки со кои уште повеќе се крена и формата на екипата, но и атмосферата меѓу самите играчи. Клубот е поставен на здрави темели, што беше наш приоритет од доаѓањето како управа, веруваме дека може дополнително да се развива од секој аспект. Чест ни е што во вторник ќе го одиграме првиот домашен меч на меѓународно ниво во Битола, ги повикуваме сите наши навивачи да ни дадат поддршка на овој натпревар со Широки Брије“, изјави директорот Ивановски, кој за разните размислувања околу логото на клубот додаде:

-Ние како клуб се решивме да го оставиме старото клупско лого, и покрај промоцијата на новото лого. Иако во новото лого се вметнати сите обележја на Битола, сепак имаше реакции од некои битолчани, па затоа оставаме простор за дискусија и верувам дека заедно ќе пронајдеме најдобро решение за клупскиот грб.

Пелистер на денешната прес-конференција најави дека е подготвени за предизвиците пред клубот, повторувајќи ја желбата по три финалиња во низа во плејофот конечно да се стигне и до првиот пехар, а новиот нов стратег, Александар Петровиќ рече:-Ова е мое второ враќање во Пелистер, секако дека наидувам на еден нов проект кој секоја тренер би го посакал, а посебно јас како битолчанец. Пелистер во моментов е сериозно организиран клуб, се што побарав беше исполнето, ростерот е одлично пополнет. Почнуваме во сабота против МЗТ Скопје, но ова ќе биде долга сезона, ќе одиграме помеѓу 40 и 50 натпреаври, во кои очекувам момците да дадат се од себе, да стигнеме до задоволителни резултати. Би сакал пред се да се заблагодарам на управата за условите што ги имаме, ова немаше да го имаме како проект да не беше Марјан Илиевски и сакам во свое име и во име на сите играчи да се заблагодарам за она што ни беше овозможено од управата. Имаме беспрекорни услови во Битола, бевме заедно на подготовки во Златибор каде создадовме еден вид на семејна атмосфера, да бидеме како една фамилија. Тие подготовки ги искористивме токму за тоа, за уште поголемо подобрување на атмосферата, а ваква атмосфера тешко се постигнува на старт на сезона кога има тешки подготовки, истакна тренерот Петровиќ.

За целите на клубот, Петровиќ додаде:

-Секое натпреварување е значајно, Пелистер четврта сезона е во АБА2, но форматот е нов и поразличен од минатото, прва цел ни е да ја минеме првата фаза, а потоа и да се бориме за што подобар пласман. Ќе одиме на трофеј во сите натпреварувања, ќе видиме до каде ќе дотуркаме на крајот од сезоната, но мислам дека постојат предуслови за врвни резултати. Она што можам да го кажам е дека ќе играме убава кошарка за око како што беше случај и на овие подготовки, сигурно ќе бидеме конкурентни за освојувње на трофеите, а за пехарите ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Во АБА2 секако имаме поголема конкуренција, но она што можам да го ветам дека нема да бидеме во подредена улога против ниту еден ривал, подготвени сме за да одиме на победа на секој натпревар.Искусниот Александар Костоски ќе ја има капитенската улога во овој тим, како еден од неколкуте играчи од ланскиот ростер кои останаа во таборот на битолчани.

-Огромна чест и привилегија ми е што при крајот на мојата кариера се наоѓам во клуб кој во секој поглед личи на професионален клуб.

Презадоволен сум од подготовките, од овие еден и пол месец работа и од хемијата која се создава. Втора година сум дел од КК Пелистер, би сакал да кажам дека ми е чест што пред крајот на кариерата ми е чест што сум дел од колектив што личи на кошаркарски клуб, кој ги исполнува стандардите од сите можни аспект. Променет е ростерот од минатата сезона, но мислам дека е покомплетна на сите позиции. Лесно се вклопуваме во системот на тренерот и верувам дека заеднички ќе ги оствариме целиме. Се надевам дека ќе продолжиме да се развиваме и дека ќе го кренеме резултатот во однос на лани, дека ќе донесеме барем еден трофеј во кошаркарска Битола. Екипата е променета во однос на лани, покомплетна на сите позиции. Можам да ги пофалам сите, навистина се добри момци и лесно се вклопуваме во системот на тренерот. Јасни се амбициите, борба за сите трофеи верувам дека со квалитетот што го поседуваме можеме да стигнеме далеку.-Јас со своето искуство се обидувам на помладите да им објаснам што значи спортот, се надевам дека не се лутат, сето тоа е добронамерно и е за доброто на КК Пелистер, истакна Костоски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »