Денес, петок, 27 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 28 степени.
Утре, сабота, 28 септември, во Битола времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 29 степени.