Press "Enter" to skip to content

Млади од Битола социјални претприемачи партнери за раст на креативните индустрии

Центарот за локални иницијативи почна со имплементација на како што велат, амбициозен проект „Млади социјални претприемачи: Партнери во растот на креативните индустрии“, е финансиран од Министерството за култура и туризам.

Станува збор за проект чија цел не да ги инспирира младите луѓе  и да ги поттикне да размислуваат подлабоко за можностите кои ги нуди социјалното претприемништво во рамки на креативните индустрии.

-Главната цел на проектот е да се испита и оцени нивото на свесност и разбирање за социјалното претприемништво меѓу младата генерација, особено во полето на креативнит индустрии. Преку истражување и анализирање на мислењата на средношколците, проектот ќе добие увид во тоа колку младите се запознаени со овој концепт и како можат да ги применат своите креативни способности за социјално добро. Проектот ги вклучува и активностите кои ќе им помогнат на учениците да го разберат значењето на социјалното претприемништво како остварлива патека за личен и професионален развој, информираа од ЦЛИ-Битола.

Во рамките на проектот е спроведено истражување кое ќе го опфати мислењето и перцепцијата на средношколците за улогата на креативните индустрии во развојот на општеството.

-Проектот ќе ги поттикне младите да размислуваат креативно и иновативно, да разберат како нивната креативност може да биде алатка за позитивна промена во општеството, и како можат да го искористат социјалното претприемништво за да создадат одржливи решенија за предизвиците со кои се соочува заедницата, информираа од Центар за локални иницијативи-Битола.

Според прелиминарните резултати од истражувањето, голем дел од младите во Битола имаат основно познавање за социјалното претприемништво и креативните индустрии, а поголем дел од учениците сметаат дека е важно да се воведат часови и активности кои ќе ги опфатат овие области, со цел да се развијат нови вештини, корисни во иднина.

More from ВестиMore posts in Вести »