Press "Enter" to skip to content

Претставен тимот на македонскиот игран филм “Убиј ги прво децата“ со кој ќе се затвори годинашниот фестивал “Браќа Манаки“ во Битола (фотогалерија)

Македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец вечер во Битола на големото платно ќе го означи крајот на годинешниот ИФФК „Браќа Манаки“, а филмот светската премиера филмот ја доживеа на Саревскиот филмски фестивал во август.Учеството на фестивалот на кинематограферите за кинематограферот Владимир Самоиловски е значајно, а снимањето на филмот предизвик, истакна на прес конференција во Битола, Владимир Самоиловски.-Драго ми е што младата генерација сака да соработува со мене како кинематографер и тоа ми претставува голема сатисфакција. Од младите научив за прецизност и брзина на работа за што во овој филм ми помогна Димитар Оровчанец, директорот на филмот. А, за тоа што сум кинематографер, најголемата среќа е што мојот татко беше снимател кого го гледав како работи. Се сеќавам, за време на земјотресот во 1963 година кога имав само 10 години, јас му асистирав на мојот татко да ги сними рушевините на Скопје. Поминаа времиња….многу одамна снимав филм и со два режисери, а најновиот филм со Оровчанец за мене беше нов предизвик и драго ми е што успеавме бидејќи има многу, многу сцени што ги снимавме, истакна Самоиловски.„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина. Филмот е за млади, но само за младите, беше речено во фестивалскиот прес центар.Филмот е во продукција на „Трис филмс“ и ДМФ Филмс. “Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав, најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео. Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Продуценти се Атанас Георгиев, Дејан Илиев и Корнелија Ристовска. Музиката за филмот ја направи Дарко Спасовски и Игор Василев – Новоградска.Димитар Оровчанец има  искуство како сценарист и режисер на краткометражни и долгометражни филмови. Има работено на голем број ТВ реклами, кампањи, музички спотови, документарни филмови, телевизиски документарни филмови и ТВ емисии,а бил и режисер за неколку продукциски и адвертајзинг куќи и како и режисер на неколку
театарски претстави.

-Ова е приказна која ги содржи сите мали животни вистини и ситуации кои потсвесно ги собирам од моите искуства со години, внимателно прикажувајќи вистински луѓе кои сум ги запознал или ги познавам добро. Тоа е филм каде навидум обичните поединци се фрлени во позиција каде што треба да се соочат со екстремни ситуации и како тоа открива неочекувани карактерни црти кај нив; модерна приказна но како од бајките, со шарени ликови и дијалози сместени на урбана позадина. Приказната ја истражува суровоста на човекот како сеприсутна, но колку и да се негативни многу од ликовите, тие сепак изобилуваат со црн хумор – некоја форма на хуманост, која е главната потпора на сè за што се работи во конечниот филм: бесмисленоста на злото, глупоста во агресијата, потребата од секогаш само малку повеќе љубов, убавината и лудилото на младоста, рече Оровчанец и додава:-Сценариото за филмот беше напишано многу брзо, а конкурирањето траеше долги години. Процесот потоа се одвиваше динамично, знаев што сакам од овој филм и тоа го постигнавме во комуникација со сите учесници, односно актерите и продуцентите.На прес конференција во Битола импресиите од учеството во филмот ги споделија актерките, актерите и продуцентите во „Убиј ги прво децата“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »