Press "Enter" to skip to content

Во Битола претежно сончево и топло, утре заладување со дожд

Денес, сабота, 28 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоолошки работи, времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 30 степени.

Утре, недела, 29 август, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер.  Максималната температура во Битола ќе биде до 22 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »