Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: малигни и бенигни нодулуси на тироидна жлезда

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на малигни и бенигни нодулуси на тироидна жлезда, за што вели:

-Во вратната  регија  на трансверзален пресек со линеарна сонда  над трахејата која е хипоехогена овална се наоѓа тироидната жлезда во форма на пеперутка со мост – истмус кој најчесто е до 5 мм АП дијаметар поголем во случаи на гушавост и лев и десен лобус со димензии 0,8-16 мм трансверзално и 10-18 мм АП дијаметар. Во левиот лобус инфериорно се наоѓа хранопроводот или езофагусот како овална со хиперехогени маргини формација која можи да симулира јазол. Десно и лево од двата тироидни лобуси медијално  се наоѓааат CCA -oпштите каротидни артерии додека латерално од нив се IJV инфериорните југуларни вени.Присуството на јазли-нодули во тироидната жлезда можи да е бенигно доколку се овални без калцификати хиперехогени со јасни граници аваскуларизирани на колор доплер и малигни хипоехогени со нејасни граници внатрешни калцификати централна хиперваскуларизираност поголем АП дијаметар од трансверзален.

Рутинските контроли се потребни со цел следење на самите нодулуси на тироидна жлезда  и процена на нивната  малигнизација и  потребата од биопсија и хируршка интервенција.