Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј ја отвора одбојкарска сезона со турнирот кој во Битола се одржува по 12. пат

Женскиот одбојкарски прволигаш Пелистер Волеј од Битола утре ќе биде домаќин на традиционалниот турнир “Битола 2024“ кој се одржува во градот веќе 12 години по ред, 

Традиционалниот турнир оваа сезона ќе има интернационален карактер, а на него ќе земат учество екипи од Македонија, Србија и Грција.

Учесници покрај Пелистер Волеј се и екипите на СД Врање 1093 од Србија, Пегазос од Грција како и екипата на Јанта Волеј од Македонија.

Турнирот започнува во 11 часот, а први отвораат екипите на Пелистер и Пегазос, односно СД Врање 1093 и Јанта Волеј, а потоа следуваат натреварите за медали.

Мечевите ќе се играат во салата во медицинското училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »