Домаќините од Битола и нивните гости и на затворањето на јубилејното 45. интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ поминаа по црвениот тепих пред влегување во големата сала на Центарот за култура во Битола, каде беа доделени наградите “Златна камера 300“ и наградите кои за прп пат беа доделени.По црвениот тепих покрај, заал дел наградените филмации, помина и меѓународното жири на фестивалот кои одлучуваа за наградите, директорот на фестивалот Мони Дамевски, министерот за култура Зоран Љутков со сопругата.Се појавија и поминаа и актерите од филмот “Прво убиј ги децата“ кој ја иимаше и својата премиери во Битола.
Помина по црвениот тепих градоначалникто на Битола – Тони Коњановски со дел од советниците, ректорот проф. д-р Игор Неделковски, љубители на филмот од Битола, бизнисмени, спонзори на фестивалот…
Низ фотогалерија ви прикажуваме дел од битолчани и нивните гости кои беа на свеченото затворање на “Браќа Манаки“.
Фото: Дамијана Ристевска