“Целта на секоја диктатура е да доведе до научена беспомошност“ – Душан Поткоњак
Се поставува прашањето какво е влијанието на ситуацијата во која се наоѓаме на макро и микро ниво врз менталното здравје кај луѓето. Дали може да доведе до т.н. „научена безпомошност“. Кога се случуваат лоши работи, сакаме да веруваме дека ќе сториме сé што е потребно за промена на ситуацијата. Истражувањата за она што е познато како научена беспомошност покажале дека – кога луѓето се чувствуваат како да немаат контрола над она што се случува, тие имаат тенденција едноставно да се откажат и да ја прифатат нивната судбина. Тоа помага да се разбере механизмот на појава на депресија кај луѓето. Ако некое лице се навикне, да не се занимава со стресна ситуација, тоа не се обидува да влијае на неа на било кој начин.
Научената беспомошност може да има големо влијание врз менталното здравје и благосостојбата. Луѓето кои доживеале научена беспомошност, исто така, можат да доживеат симптоми на депресија, зголемено ниво на стрес и помалку мотивација да се грижат за нивното физичко здравје.
Што е научена беспомошност? Концептот настанал после низа на експерименти кој ги спровеле психолозите Мартин Селигман и Стивен Ф. Мајер. Ќе ги опишеме накратко. Тие направиле 3 групи на кучиња, едната група не добивала електро шокови, другата можела да ги избегне со притискање на полуга, а третата никако не можела да ги одбегне. Во другиот дел на екеспериментот секое куче го ставале во кутија (комора) со ниска преграда и им давале електро шокови. Она група кучиња кои не можеле да ги избегнат електрошоковите во претходните експерименти не се обидувале да ја прескокнат преградата за да одат во другиот дел на комора, додека другите две групи брзо сфатиле дека можат лесно да ја прескокнат преградатаво другиот дел на комората. Подоцна се правени уште многу експерименти со животни, а и со луѓе кои дале слични резултати. Овој феномен се нарекува „научена беспомошност“. На крајот, животното ќе престане да се обидува да го избегне стимулот и да се однесува како да е крајно беспомошно да ја промени ситуацијата. Дури и кога се презентираат можностите за бегство, оваа научена безпомошност ќе спречи каква било акција. Научена беспомошност кај луѓето
Влијанието на научената беспомошност е докажано кај различни животински видови, но нејзините ефекти можат да се видат и кај луѓето. Размислете за еден често користен пример: Детето кое слабо ги извршува тестовите и задачите по математика, брзо ќе почувствува дека ништо што тој го прави нема да има никаков ефект врз неговиот успех во решавање на математички задачи. Кога подоцна ќе се соочи со било која задача поврзана со математиката, тој може да доживее чувство на беспомошност. Научената беспомошност исто така е поврзана со неколку различни психолошки нарушувања. Депресијата, вознемиреноста, фобиите, срамежливоста и осаменоста можат да се влошат со научена беспомошност.
На пример, една жена што се чувствува срамежлива во социјални ситуации, на крајот може да почувствува дека нема ништо што може да го направи за да ги совлада симптомите. Ова чувство дека нејзините симптоми се надвор од нејзината директна контрола може да ја наведе да престане да се обидува да се ангажира во социјални ситуации, со што нејзината срамежливост е уште поизразена. Меѓутоа, истражувачите откриле дека научената беспомошност не секогаш се генерализира во сите поставувања и ситуации.
Студентот кој доживеал доживеани неминовни искуства во однос на класата по математика, не мора да ја доживее истата беспомошност кога ќе се соочи со вршење пресметки во реалниот свет. Во други случаи, луѓето можат да ја доживеат научената беспомошност која генерализира низ широк спектар на ситуации. Како што може и да се претпостави, увереноста дека е неможно да се реализираат посаканите цели негативно се одразува на тоа како мислиме и како се чувствуваме и однесуваме. Имено личноста почнува да ги одлага своите обврски, да избегнува превземање на одговорност. Исто така потешко усвојува знаења и вештини и започнува да се чувствува лошо.
Понатаму чувството на беспомошност влијае на доживувањето кое некој го има за себе во средината во која е, бидејќи луѓето стануваат несигурни што ќе се случи во иднина и како да се постават наспроти тоа. Во екстремни ситуации, ваква состојба доведува до верување дека надворешните, случајни или непознати сили управуваат со средината и случувањата во неа и потполно прекинувње на залагања за исполнуваље на обврските и исполнување на целите.Клучно за потенцијален развој на научената безпомошност е всушност прашањето кое го поставуваме себеси после некој неуспех или послаб резултат. Имено како до тоа дошло, т.е зошто тоа се случило? Од што зависи изборот на причини и појавата на научена беспомошност Најпрво тоа е поранешното искуство, но важни се и :
- Задоволството од досегашното постигнување во животот
- Значење на целта која личноста не успеала да ја реализира
- Постигањата на другите луѓе, значајни за личноста
- Колку личноста е повеќе анксиозна во врска со разни случувања и посклона на депресивни реакции кога се случат негативни животни случувања, причините за неуспехот ќе ги припишуваат на глобални и долотрајни причини и при тоа тенденција да развијат воопштено чувство на беспомошност после некој неуспех.
- Начинот на решавање на проблемите Личнотите кои после за нив значајни постигнувања се задоволни и се усмеруваат себеси кон пронаоѓање на некој нов на чин на реализирање на посакуваната цел и се обидуваат да на дадената ситуација да ја согледаат на подруг начин за да ги откријата пропустите, многу поретко развиваат чувство на беспомошност, Тоа е заради тоа што неуспехот го припишуваат на специфични и пролазни причини. За разлика од личности кои избегнуваат слични ситуации или се обидуваат потполно и да ги променат поставените цели
Како да се спречи појава на чувството на безпомошност и да се избориме со него?
- Да станеме свесни дека секое припишување на глобалните долготрајни причини во основа се грешка во размисувањето, бидејќи врз основа на искуствата од еден или повеќе случувања се врши претерано воопштување и неосновано предвидување на исходот во иднина.
- Важно е да се има во предвид колку поственната цел е навистина остварлив, низ анализа на карактеристиките кои личноста ги поседува, нејзиното досегашно постигање и самата средина во која се наоѓа. Во склад со ова, доколку се процени како тешко достапна, потребно е модифицирање и прилагодување на карактеристиките на личноста и средината во која живее.
- Да се постават на себеси повеќе помали цели во рамки на еден глобален и да се биде задпволен со постепено остварување и исполнување на помалите цели. При тоа земајќи ги во предвид успесите, но и неуспесите како составен дел од животот.
- Низ повеќе вежби и однесувања правилно да се процени и во која мера колку може да се влијае на сопстевното однесување и на она што се случува во широкоит спектар на ситуации.
- Конгитивно-бихејвоорална терапија е форма на психотерапија која може да биде корисна во надминување на моделите на размислување и однесување кои придонесуваат за научена беспомошност.