Press "Enter" to skip to content

Успешно завршена дигитализацијата на творештвото на браќата Манаки (фотогалерија)

Вечерва во Офицерски дом во Битола, Државниот архив – Одделение Битола го одржа завршен настан со изложба со кој се одбележи успешното завршување на проектот за дигитализација на творештвото на браќата Манаки кое се чува во нашиот архив.На настанот поктај тимот кој за направи дигиталицација предводен од раководителот на одделението на државниот архив во Битола – Гоце Стојановски, пруситна беше и директорката на на  Државниот архив проф. д-р Наташа Котлар Трајкова, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, раководители на други општински одделенија, гости…Градоначалникот на Битола ги поздрави присутните на настанот, на тимот од 10 архивисти од битолскиот архив кој успешно работеше на дигитализација на фотографското творештво на браќата Манаки, кое се чува во битолскиот архив, и им честита за огромната работа која ја имаат завршено со дигитализација на творештвото на браќата Манаки, бидејќи како рече:-Тие се дел од Битола, а во нивна чест се одржува фестивалот на филмска камера “Браќа Манаки“ кој се затвори пред некој ден во Битола. Но, денес, дигиталните копии од скенираниот архивски материјал ќе станат достапни на платформата на Британската библиотека, а со тоа ја исполнуваме желбата на Милтон материјалот да биде достапен за јавноста.За проектот кој е поддржан од Британската библиотека и фондацијата Аркадија, а имаше неколку важни цели кои во целост се исполнија, директорката на Државниот архив проф. д-р Наташа Котлар Трајкова рече:-Историјата не е само запишување на умиња, години, градови и настани, таа во себе го содржи она што еден човек го има во себе, својата психологија, својата култура, својот социјален, психолошки, политички, и културен живот. Собрано се во едно место кое што се определило да биде ризница на минатото, тоа е архивот. Конкретно за овој настан ќе кажам дека она што претставува архивски материјал, а е во доменот на Државниот архив во однос на фондот на браќата Манаки, кој датира од 1965 година, а ете овие млади луѓе се определиле тоа да го направат достапно и видливо на едне современ, начин, дигитален начин, или преку компјутерска обработка, за да биде подостапно и покорисно за сите оние кои се заинтересирани за она што претставува историска ризница или историско минато.Раководителот на одделението на државниот архив во Битола – Гоце Стојановски рече:-Ја имам честа и привилегија и одговорност во името на овој тим кратка да се обратам, кај што беше најтешкиот дел од работата. Станува збор за еден проект кој доста емотивно го доживеавме во Арховот во Битола зошто фондот на браќата Манаки е наше секојдневие, беше наше секојдневие, ни не само наше туку и на генерации кои што биле пред нас. Од денот кога е преземен фондот од 1965 година па се ден денес, секоја генерација осавал некој белег од работата на овој фонд. Ние бевме пред процес кој носи новото време, процес кој ни овозможи да го заштитиме фондот, но и да го промовираме. Проектот беше предизвикувачки бидејчи бевме аналфабети во овој процес, не знаевме ниту да скенираме соодветно, ниту пак да го заштитиме. Но не се плашевме од предизвикот и со соодветни обуки да научиме како да го сработиме. Беше голем залак за нас како тим, бидејќи се работи за најистражуваниот фонд во Македонија, фонд кој е најколоритен и има фотографии, документи, тое не е било кои туку на првите сниматели на Балканот. За нас беше предизвик и само да се отпакува материјалот, да влезеш во непознато за јавноста. Станува збор за голема работа која ја завршивме  и ние сме емотивни кога станува збор за фондот, затоа што не само што го заштитивме туку и му го дадовме местото, коги сакал Милтон, за него да знае Балканот, но ние отидовме повеќе, да знае Европа и светот. Проектот произведе и стручни и професионални кадри, кои пребродувајќи ги предизвиците за заштита и дигитализација на вака значаен и разновиден материјал стекнаа искуства со кои во иднина ќе можат успешно да реализираат уште вакви работни задачи. Битолскиот архив стана опремен со професионална опрема за дигитализација на архивски материјал. Но, можеби најважна од сите зацртани цели е тоа што дигиталните копии од скенираниот архивски материјал ќе станат достапни на платформата на Британската библиотека. Со тоа ја исполнуваме желбата на Милтон материјалот да биде достапен за јавноста.Исто така беше отворена изложба од дел од опусот на браќата Манаки, односно принтови од дигитализираниот материјал.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »