Press "Enter" to skip to content

Победа на Пелистер над Широки Брег во Битола и со победа ја започна АБА 2 лигата (фотогалерија)

Пелистер – Широки Брег 74:72

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола триумфално ја почнаа новата сезона од регионалната АБА 2 лига, која сезонава се игра по новиот формат, дома-гости со сите екипи од групата. “Пелистерци“ триумфираа сосема заслужено против Широки Брег со 74:72, во меч кој заврши низ неизвесна завршница, а можеше да биде и убедлива победа.Натпреварот започна одлично за Пелистер, а момците на Петровиќ на стартот направија 9:0, а ги собраа и симпатиите на публиката. Гостите пред крајот на четвртината и минимално поведоа, а на првиот одмор се замина со егал 19:19. “Пелистерци“ повторно заигра добро во втората четвртина, поведоа со 34:25, носледуваа лоши минути, а на полувреме заминаа со +4 (37:33).Пелистер низ вториот дел и далеку поубедливо умешно ја зголемуваше предноста пред гостите. Во продолжението “зелено-белите“ се одлепија на 47:39, но гостите се вратија на 52:50. Во последната четвртина Пелистер имаше прво имаше водство од +13 (67:54), а потоа Широки направи серија од 12:0 и се доближи само на -1 (67:66).

На само 80 секунди до финишот успеаја да дојдат и до 71:69. Пелистер постигран тројка преку Мишковиќ и се врати на+5 поени, која до крајот знаеја да ја сочуваат за заслужена конечна победа од 74:72.Најефикасен кај Пелистер беше Американецот Антоан со 16 поени, дополнети и со две асистенции, а Мишковиќ заврши со „дабл-дабл“ ефект од 13 поени и 11 скока.Девет поени постигна Бојиќ, а со по 8 поени завршија Стајиќ, Едвардс и Костоски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »