Еурофарм Пелистер – Пролет 30:21 (20:9)
Вечерва во Битола екипата на Еурофарм Пелистер во рамите на 5. коло од Супер лигата, лесно ја победи екипата на Тинекс со резултат 30:21, во натпревар во кој тренерот Бранко Ангеловски и даде шанса на помладите, а ги одмори поискусните.Битолчани уште во првите триесет минути ја покажаа својата сила и успеаја бргу да се рехабилитираат од поразот во вечното дерби против Вардар. Домаќините уште на стартот поведоа со 3:0, па зголенија на 5:1 и 9:2. После +7 се виде дека победникот е домаќинот. Предноста се зголемуваше, а Ангеловски му даде шанса на Хаџиќ, Ѓорговски, Павле Атанасијевиќ, Петровиќ… Полувремето заврши со 20:9.Иако вториот дел беше само формалност, Пролер започна со подобро за разлика од првиот дел и дојдоа до помала разлика. На средина на врториот дел беше 23:16, а за на крај да биде 30:21.
За одбележување е црвенот картон на капитенот Филип Кузмановски по стартот над Димковски во 57. минута, и третото исклучување на Павле Петровиќ.Најефикасен ракометар кај битолчани беше Цветан Кузмановски со шест голови, Филип Кузмановски додаде еден помалку.