Во претстојната грејна сезона, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола влегуваат со извршена сеопфатна анализа на актуелните состојби во рударско енергетските комбинати. Констатирана е состојба на хаос во рудниците за јаглен во Битола, затоа што воопшто не се водело сметка отстранувањето на јаловинските маси да се врши согласно главниот и дополнителниот проект. Како последица на тоа, нема откривки на јаглен од кои може да се обезбеди континуиран и безбеден ископ за потребите на термоблоковите.Според директорот за производство и член на УО на АД ЕСМ Зоран Коњановски, очигледно, претходните раководства на АД ЕСМ, на РЕК Битола не ги подготвувале капацитетите во пресрет на грејната сезона. Утврдено е дека нема доволно количини на јаглен, а затекнатиот јаглен на депониите е со исклучително лош квалитет.-Веднаш консултиравме професори од Рударскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип кои наскоро ќе излезат со констатирани забелешки за работата на рудниците во комбинатот со насоки во однос на понатамошната експлоатација на јаловината и на јагленот. При увид на теренот, од реномираните експерти се споделени впечатоци дека ископите во постојните рудници при РЕК Битола се вршени спротивно на проектната документација- најави Коњановски.-Во моментов, користејќи ги сите ресурси што комбинатите ги имаат на располагање, направивме реорганизација во однос на капацитетите во рудниците, со цел во најкус можен рок да се обезбеди фронт за ископ на квалитетен јаглен. Дополнително, обезбедивме многу поповолни финансиски услови за набавка на квалитетен јаглен од веќе постоечки договор за набавка на овој енергент од увоз, со што овозможивме одлични предуслови за реализација на планираните производни количини на електрична енергија за оваа грејна сезона. Сакам да истакнам дека за разлика од претходните набавки на јаглен, за сите идни набавки на овој енергент, тогаш кога ќе има потреба, особен акцент ќе се даде на квалитетот, вели Коњановски.Имено, како што вели тој, имаме обврска да обезбедиме јаглен со специфики со кои се проектирани котлите во РЕК Битола и РЕК Осломеј. -Имаме докази дека изминативе неколку години се увезувал јаглен со катастрофален квалитет, со специфики кои се во спротивност со пропишаните за работа на термоелектраните. Тоа предизвикало хаварии на блоковите поради кои ЕСМ издвојувале милионски суми за санација. Ние имаме одговорност за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, но истовремено и одговорност да ги сочуваме термоелектраните – како материјално и национално добро. За сите неправилности кои продуцирале недомаќинско и неодговорно однесување, АД ЕСМ ги разгледува можностите од покренување на кривична и дисциплинска постапка кон раководни лица што директно влијаеле на затекнатите состојби во битолскиот рударско енергетски комбинат, изјави Коњановски.Тој додаде дека од двата рудника за јаглен во Суводол и во Брод Гнеотино во моментов се вадат само околу 7.000 тони дневно.-Ова количество е доволно за само еден од трите блока, односно останува само уште нешто малку за вториот блок на дневна основа. Долгорочно ќе има повеќе јаглен, но тоа би било за некоја година. Прво во Суводол треба да се започне со работа на новиот блок што го пронајдовме и кој има околу 1 милион тони јаглен. Таму експлоатацијата ќе почне до 15 ноември. Во Брод Гнеотино дури сега го ставивме во функција клучниот багер, нешто што требаше да го направи претходното раководство. Тој ќе ја отстрани земјената покривка за да се дојде до нов јаглен, рече Коњановски.Ремонтните активности во блок 2 во РЕК Битола се завршени и тој е веќе на мрежа, додека ремонтот на ТЕ Битола 3 е завршен во согласност со планот.Зафатот на ТЕ Битола 1 се уште не е ни започнат, иако според ремонтниот план тоа требаше да започне уште кон крајот на изминатата грејна сезона. Овој зафат и сега не може да отпочне, затоа што има тендерски постапки кои не се завршени.-ТЕ Осломеј го затекнавме во конзервирана, неремонтирана состојба. Во моментов се прават завршните тестирања и пробни вклучувања на мрежа, кои би ги завршиле до средината на овој месец, по што би бил подготвен да се вклучи на мрежа, во согласност со потребите на електроенергетскиот систем, информира Коњановски.Новиот директор на РЕК Тони Петрушевски, на денешниот настан рече дека пред три години била набавена опрема како камиони, багери и друго, која не се користела, и наместо тоа, копањето јаглен продолжиле да го вршат приватниците. Тој додаде дека опремата ќе се стави во употреба и очекува со тоа за една третина да се намали потребата од ангажирање приватни фирми во рудниците.Производната цена на ниво на АД ЕСМ за период јануари-јули 2024 година изнесува 111,16 EUR/MWh, а поодделно во РЕК Битола изнесува 133,68 EUR/MWh, ТЕЦ Осломеј 234,01 EUR/MWh. Производната цена на ТЕЦ Неготино за 2023 година изнесувала 170,56 EUR/MWh, односно за периодот додека електраната беше во функција.
По теренската обиколка, раководството на ЕСМ посочи дека РЕК Битола е подготвен за престојната сезона, ќе работат двата блока со јаглен од сопствени потреби и од увоз (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мишковиќ: Добра одбрана е рецепт за триумф над ТФТ денес во Битола
- Во Битола претежно облачно со врнежи од дожд и снег, температурата до 4 степени
- Падна договор, Жарко Пешевски не мрда од Битола уште една година
- Започнаа “Празниците да живеат во Битола“, вечерва започна “Зимската приказна“ (фото)
- Уште само еден ден до најмагичниот концерт во Битола