Денеска (03.10.2024) во 14.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, лишија од слобода 31 годишно лице од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци.
Лицето ќе биде спроведено во казнено поправната установа Затвор Битола.