Press "Enter" to skip to content

Братското дерби Пелистер-Тиквеш, во Битола без голови (фотогалерија)

Пелистер – Тиквеш 0:0

Екипите на  Пелистер и Тиквеш попладнево во Битола под Тумбекафе, на градскиот стадион “Петар Милошевски“ игра реми без голови и поделија по еден бод, во рамките од 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот започна со одмерување на силите и со многу грешки, но при “влегоа“ во прилика за гол домашните. Од прекин Георгиев одлично центрираше, до топката дојде Спиркоски, биеше со глава, но не ја погоди рамката на голот. Потоа се заканија и гостите, Ѓорѓиев излезе сам пред Јовчевски, а домашниот голман ја топката ја исфрли во корнер.Првото полувреме беше заокружено со со уште два обиди на “пелистерци“ за постигнување гол.Второто полувреме заполна со иницијатива на гостите, а ними не им дозволи да постигнат гол домашниот голман Јовчевски. Следуваа измени во двата тима, но не се промени резултатот, остана 0:0.По 9. одиграни кола екипата на Пелистер се наоѓа на 8. место со 10 бодови, а лидер на табелата е екипата на Работнички со 19 бодови.Во следното 10. коло екипата на Пелистер ќе го пречека Шкупи.

Фото: Дамијана Ристевска