Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс 41:24 (23:11)
Еурофарм Пелистер 2 вечерва во Битола ја победи екипата на Мулти Есенс убедливо со резултат 41:24, полувреме 23:11, во натпревар во кој домаќините го имаа под контрола целиот натпревар.
Екипата на Александар Зарков по почетните 1:1, а потоа и 1:2, направија серија од 6:0 и дојдо до 7:2. Разликата од +5 се одржуваше и на средина на полувремето имаа 12:7. На пет минути пред крајот на првиот дел “пелистерци“ има 20:8, а на одмор отидоа со +13 (23:11).
На средина на вториот дел резултатот беше 33:18 или + 15 голови, за на крај да биде 41:24.