Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер одработи тренинг против Куманово пред Спортинг

Куманово – Еурофарм Пелистер 22:35 (12:17)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва го одигра гостискиот натпревар против Куманови во Куманово, ова е втора победа по ред, во натпревар кој беше само тренинг пред натпреварот од Лигата на Шампиони против Спортинг во Битола.

Во 6. коло од македонскиот шампионат “пелистерци“  забележаа убедлива победа од 22:35. полувреме 12:17.

Во првиот дел Куманово само поведе со 2:0 и тоа беше се што направија кумановските ракометари, а потоа се беше во знак на Еурофарм Пелистер. Иако во еден период разликата од 4 или 5 гола беше намалена на два, не доведе никаква нарвоза кај битолчани кои на одмот отидоа со 12:17.

На стартот на второто полувреме Пелистер зголеми на +10 разлика, 13:23, а само се чекаше крајот да се види со колку разлика ќе заврши натпреварот, а крајниот резултат беше 22:35.

Филип Кузмановски најфикасен кај Еурофарм Пелистер со 1о гола.