Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола втори на “Скопје КУП 2024“

 Пелистер Волеј – Јанта Волеј 0:2

(23:25; 19:25)

Во супердраматично финале, особено во првиот сет, во кој екипата на Пелистер Волеј од Битола беше рамноправен противник во дуелот со скопската екипа, а целиот натпревар го одиграа во супер рита, кој покажува дека тимот оди во нагорна форма, пред срартот на одбојкарската сезона.

-Презадоволни сме од денешните два натпревари, со една преубава победа против екипата на Врање СД 1093 со 2:1 и со еден пораз се враќаме во Битола со пехар за освоено 2 место, како редовни учесници на покана на организаторите од општина Гази Баба, рекоа од Пелистер Волеј по завршувањето на натпреварот.