Press "Enter" to skip to content

Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови

КУД “Стив Наумов“ Битола продолжува да ја испишува историјата на хорското пеење во Битола. Талентираните хористи кои долги години ја негуваат љубовта кон музиката, овој пат, настапија на деветтиот интернационален хорски фестивал во Хергец Нови.

Имено, деновиве година, во Херцег Нови, КУД “Стив Наумов“ со свои композиции настапија на ревијалната и натпреварувачка вечер на интернационалниот фестивал.Во конкуренција од 11 хорови од различни земји, КУД “Стив Наумов“ освои трета награда. Оваа награда е показател за напорите кои низ годините ги вложува хорот за да се зачуваа оваа долгогодишна традиција во Битола.

Хорот, под раководство на професор по хорско диригирање Лилјана Трајковска Димевски, на фестивалот уште еднаш покажа и докажа дека музичката традиција која се негува 80 години, сеуште постигнува одлични резултати. Ако се потсетиме на историјата на КУД “Стив Наумов“, јасно покажува дека станува збор за мешан, аматерски хор кој, воедно е и најстариот македонски хор, формиран на 6 ноември 1944 година. Оттогаш па наваму, хорот брои многу јавни настапи и концерти, како на национално, така и на меѓународно ниво.Но, не треба да се занемари и фактот дека КУД “Стив “Наумов е еден од најнаградуваните хорови. За тоа, сведочат полните витрини со награди и признанија во друштвото. Оваа трета награда освоена во Херцег Нови уште еднаш ја покажува посветеноста и љубовта на хористите кон хорското пеење.

Претседателот на друштвото КУД “Стив Наумов“ истакнува дека хорот КУД “Стив Наумов“ од Битола ќе продолжи и понатаму да го промовира хорското пеење, продолжувајќи да биде културен амбасадор низ различните хорски фестивали. На таков начин друштвото ќе продолжи да опстојува низ времето, инспирирајќи инспирираме љубов и благодарност за хорското пеење кај сегашните и идните генерации.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »