Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: патолошки промени на лимфните јазли

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на патолошки промени на лимфните јазли, за што вели:

-Лимфните јазли на вратот се следат во 7 регии започнувајќи од субмандибуларната 1 па се до 7 инфраклавикуларна регија постериорни во регион 5 зад m.sternocleidomastoideus и антериорни пред него и трахејата. Нормалните лимфни јазли се овални со јасни граници АП дијаметар до 7 мм аваскуларизирани или централни васкуларизирани и со хиперехоген хилум централен, со слични карактеристики и јасни демаркациони граници меѓутоа поголем АП дијаметар над 7 мм се реактивните или инфламаторни лимфни јазли кои се среќаваат кај различни инфекции вирусни бактериски саркоифоза СЛЕ ,Реуматоиден артритис итн.

Лимфомите се малигни лимфни јазли кои најчесто се кружни или овални со јасни глатки граници со периферна васкуларизираност на колор доплер со отсуство на хиперехогени мастен хилум и централна јазловидна анеохогена внатрешна ретикулација за разлика од метастатските лимфни јазли кои се дисеминирани од првични тумори на кожата, белите дробови, дебелото црево и се карактеризираат со неподвижност ,хипоехогенист и нејасни маргини инвазивност, цистични анехогени интранодални некрози со ексцентрична хипертрофија на кортекс и интранодални пунктиформни калцификати.

Туберкулозните лимфни јазли се со интранодални анехогени цистични некрози со склоност кон фузија на јазли и матинг со варијабилност на колор доплер од бенигна централна до малигна периферна. При малигна суспектност често има потреба од тенкоиглено биопсија со цел хистолошка потврда на дијагнозата.

Лимфните јазли се жлезди обвиткани со сврзно ткиво целта на лимфните јазли е покрај лимфните садови и органи како тимус слезинка во дренажа на не ресорбираната лимфа како и во продукција на лимфоцити леукоцити, процесот на фагоцитоза значаен за имунитетот на организмот. Најзначајни се вратните, мезентеријални,аксиларни и ингвинални лимфни јазли зголемени при инфламаторни но и при малигни процеси во организмот.