Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: тага, болка – одболување и закрепнување како процеси во тагување

Тагата е една од најсилните емоции. Одговор на конкретни ситуации или настани кои се вознемирувачки, повредливи или разочарувачки. Тагата е нормална и природна реакција на загуба од секаков вид. На пример тагување кога добиеш отказ, ти загини куќниот љубимец, сознаеш дека имаш хронична болест, изгубиш пари или се одселиш во друга држава… Според тоа, и чувствата што се јавуваат во состојба на тага се природни и нормални.

Но, најчесто низ процесот на социјализација сите нас нè учеле да веруваме дека тие чувства би требало да поминат за одреден период или се социјално неприфатливи. …

Болката се уште ни е ТАБУ

Чувствата кои се јавуваат во процесот на тагување, најчесто не се препознаени од општесвото како такви. Или можеби само декларативно.. Едноставно кажано тоа како општесвото го гледа процесот на тагување се гледа од тоа колку слободни денови ти следуваат, aко ти умре некој близок. Како на пример еве тагувај, тие пет работни денови и после ќе се видиме од следната недела, да повторно ги правиш работните  задачи одговорно и вредно. Можеби со ноќи не спиеш и не знаеш што ти се случува, но немој да ти опадне перформансот.

Тага и одболување

Општесвото и социјалната средина не даваат и најчество не знаеме како да се носиме со тагувањето кога станува збор за смрт на личност. Во процесот на тагување и одболување. Она на што не сме подготвени е психолошкиот аспект на тие ситуации. Баш тоа што да му кажеме на некој кој проаѓа низ интензивен процес на тагување. Или колку трае еден таков процес. И тука постојат различни очекувања од другите луѓе. Не чини ако тагуваш кратко, бидјќи си бездушен, а не чини ни долго, бидејќи времето лечи се…

Често кога сретнеме личност после таков настан сретнеме личност која изгубила некого… Ние не знаеме како да реагираме или што да кажаме… Од една страна има многу ритуали религиозни кои постојат и низ традицијата за да им помогнат на личноста која тагува. Во тој период поттебно е да имаш луѓе околу себе, да можеш да се потприш на нив и дека некој ќе обезбеди се што треба.

Тие први 40 дена се врзуваат за некакви очекувања и тие некако се прифатливи одредено на време во кое ти е допуштено да тагуваш. После тоа ти е време веќе да се враќаш старо. А нема никогаш да се вратиш на старо, бидејќи тоа „старо“ за личноста која тагува повеќе не постои. Постои ново, кое треба да се изгради,а тој процес трае долго, многу подолго од 40 дена.

Право на сопствена тага и одболување

Луѓето треба да се грижат за личноста која тагува во смисла да и обезбедат се што и треба, бидејќи можеби нема да биде во состојба да обезбеди. Да се грижат дали спие, јаде. Да ја набљудуваат од перспектива на грижа и нежност, а не процена или осуда. Личноста која проаѓа низ процес на тагување треба да има право да пројде преку тој процес, онака и онолку како што и треба. Да прави она што и се прави, иако како тоа можеби на луѓето ќе им изгледа чудно. Ако сака нека оди на концерти, гласно слуша музика, да патува, нека носи или не носи црно, нека оди ни или не оди нагроб на личноста која умрела.

Ајде да се замислиме дека проаѓаш низ нешто страшно, па освен тоа лошо искуство мора да се грижиш и за тоа дали твоите реакции се адекватни, дали твојата тага е доволно нагласена… или можеби да не драматизираш премногу… Затоа наместо да се грижиме со тоа во тие тешки ситуации треба да се грижиме за себе, да најдеме свој начин на функционирање.

Потребно е да се нагласи дека во ред е луѓето да имаат различни реакции кога се тажни или имаат болка и тие не се погрешни реакции. Она што на сите нас треба да ни биде овозможено е ВРЕМЕ да се опоравиме, без наметнување на било какви очекувања за тоа колку е потребно да се тагува, која и да е причината за болка и тага. Тагата има врска со срцето, а не со главата, и погрешно е настојувањето да се излекува срцето преку разумот.

Психологија на процес на губиток

Во тој процес се јауваат различни реакции на нешто што е многу стресно. Потеклото на нашата неподготвеност да се соочиме со тага често произлегува од раните искуства со родителите (старателите). Веројатно е дека и самите тие тешко можеле да се справат со чувството на тага. Сосема нормалнио е да тагуваш и да се чувствуваш празно, а потоа и да се чувствуваш на различни начини, па потоа потполно празно и повторно во круг. Ако тој процес се прекине, може да имаш „компликувано тагување“- кога на него се надоврзат и други проблеми поврзани со менталното здравје. На пример: анксиозност, панични напади, депресивност или други симптоми кои траат подолго пример несоноца, недостаток на апетит, чувства и отрпнатост во некои делови од телото.

Закрепнување

Она што е најважно – закрепнувањето значи стекнување вештина на која требало да нè научат уште во детството. Закрепнувањето од значајната емоција на губиток не е воопшто лесен процес, тоа бара внимание, отвореност, спремност и храброст. Закрепнувањето како процес на одболување, значи дека подобро се чувствуваме. Закрепнувањето е кога еден ден ќе сфатиме дека нашата способност да разговараме за губитокот е нормална и здрава. Значи пронаоѓање ново значење на животот. Тагата нема никаква врска со слабост ио ранливост. Напротив нашата снага може да произлезе од нив. Тоа значи дека разбирањето на сопствените емоции и сознанието дека сме сами господари на судбината допринесува за нашиот психолошкиот развој.