Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот

Подгорица – Пелистер 90:79

Пелистер од Битола е поразен во 2. коло од АБА 2 лигата на гостувањето во Црна Гора од екипата на Подгорица со 90:79. Поразот во финишот на натпреварот е неочекувам после водството кое го имаа “пелистерци“ во текот на најголемиот дел од натпреварот, но за жал се случи огромниот пад и периодот од над седум минути без постигнат кош.

Домаќините подобро го отворија натпреварот, поведоа со 8:2, 14.7 и со 17.11. Центарот Едвардс постигна 10 поени за осум минути и Пелистер се врати во мечот, а потоа со тројка на Пелистер дојде и до првото водство 21:22, резултат со кој воедно и заврши првата четвртина.

Вториот период Пелистер одлично го започна и дојде до резултат од +8 (23:31). Пелистер продолжи да го контролира резултатот, благодарение на цврстата одбрана, како прецизните удари од далечина на Костоски, Стајиќ, Антоан и на Лука Стојановски на спротивната страна. Нападот во финишот од полувремето влезе во мала криза, а домашниот тим го искористи тоа за да намали на само два поени разлика 41:43, со кој резултат се отиде на одмор.
Во продолжението во третата четвртина, наместо шутеви од далечина почнаа да влегуваат во рекетот, умешно реализирајќи, а одржуваше разлика од +5, а имаа и +7 (57:64), за во последните десет минути да влеземе со предност од шест поени 63:69.И во четвртата четвртна Пелистер водеше со 68:75. Подгорица се врати, намали на 73:75 во 34. минута. Кризата во нападот продолжи, Пелистер повеќе од пет минути беше без постигнати поени, а домаќините го искористија тоа за да поведат со 79:75 на помалку од три минути до крајот, а потоа и 81:75. По техничките грешки на Пелистер, беше незаслуѓено поразен со 90:79 .

Најефикасен кај Пелистер Едвардс со 24 поени, 12 поени, но и пет загубени топки имаше Мишковиќ, Антоан го заврши натпреварот со 10 поени, а Стојановски, Стајиќ и Костоски имаа по осум поени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »