Press "Enter" to skip to content

Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)

-Мајсторот по боречки вештини Ѓуро Илиќ од Битола имаше и две презентации, кои наидоа на голем интерес кај мајстоите, тренерите и сите учесници.

Кадетската екипа на Будо центарот Пелистер од Битола учествуваше на “Први Самурајски фестивал“ кој беше официјално отворен во културниот центар “Вук“ во Лозница, Србија.Самураската вечер беше можност за луѓето од Лозница и нивните гости да се запознаат со неколку боречки вештини како аикибудо, кобудо, карате до, но исто така и да видат самураи од Јапонија како користи катана, легендарниот самурајски меч.

Младен Буразеровиќ, првиот српски самурај и претседател на Националната академија за рекреација и спорт на Србија НАРСС, и организаторот на фестивалот, на отворањето рече дека ова не е само прв фестивал од ваков вид во Лозница, туку и во цела Србија, а можеби и во регионот.-Со оваа презентација, сакаме да ја претставиме и да ја доближиме до граѓаните јапонската култура, особено самураите, која носи историско наследство и е важна не само за Јапонија, туку и за остатокот од светот, бидејќи многу други култури се потпираат на нивните, а добар дел од светот на бизнисот се базира на концептите на самурајско учење. Нашиот клуб Даишин Доџо е единствениот самурајски клуб во Србија, рече Буразеровиќ.Покрај членовите на домаќинот, клубот Даишин доџото, публиката имаше уникатна можност да ги види борбите на големите мајстори на боречки вештини од Јапонија, Италија, Шпанија, Русија, САД и Македонија, а меѓу нив и претседателот на Јапонската Будо Меѓународна Федерација (ЈБМФ), Сошихан Хидехара Иши.На фестивалот, кој имаше и натпреварувачки карактер, кадетската екипа на Будо центарот Пелистер од Битола триумфираше на Меѓународниот турнир во дисциплината аикибудо во силна конкуренција.  Во поединечна конкуренција, со златни медали се закитија Петровски, Мартин Мицковски и Дарко Симиќ, а со сребрени Горазд Наумов, Павел Споа и Христијан Заровски.Во рамки на “Први Самурајски фестивал“ се одржаа работилници за јапонски боречки вештини и предавање за важноста на самураската култура, а три предавања имаше и  мајсторот по боречки вештини Ѓуро Илиќ, а имаше и две презентации, кои наидоа на голем интерес кај мајстрите, тренерите и сите учесници, а кои го наградија со голем аплауз.

-Ме радува тоа што како кадетска репрезентација учествавме и освоиме прво место, но и тоа што имавме три први и три втори места во поедиечна конкуренција. Оставивме добар впечаток и го оправдавме тоа што не случајно бевме поканети на првиот самурајски фестивал. Што се однесува пак до моите предавања и презентации пред мајсторите, тренерите и останатите учесници беа одлично одработени од мене и моите асистенти и наидоа на голем одзив кај сите Исто така можам да кажам дека одлично го претставивме будо – центарот Пелистер од Битола на овој фестивал, а наравивме и контакти за идна соработка,  вели Ѓуро Илиќ.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »