Околу 80 студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје, под раководство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, ја посетија општина Битола во рамките на нивниот предмет Урбанистичко обликување 2, а градот Битола е предмет на работа за оваа година. Предметот има за цел да им обезбеди на студентите пристап до знаењата неопходни за обликување на типични урбани простори, во кои со примена на различни морфотиполошки решенија, се добиваат различни видови на архитектонски амбиенти.
Пред присутните се обрати секретарот на општина Битола Борче Димитровски, кој посочи неколку сегменти од општинското работење, кои се во фокусот на интерес. Пред се, тука е изработката на Генералниот урбанистички план (ГУП) за општина Битола, како и други стратешки значајни документи за општината, кои служат како основа за работа на општината и како подлога за аплицирање на различни проекти. Секретарот исто така, ја нагласи потребата од вработување на млади архитекти и други инженери, кои ќе имаат јасна визија за натамошниот изглед на градот, кој изобилува со културна традиција, многу важни културни и историски објекти и заштитено градско јадро.
Во дискусијата се вклучија и студентите со свои прашања, кои ги поставија до раководителите на одделенијата за урбанистичко планирање и заштита на животната средина и спроведување на урбанистички планови Валентина Андријашевиќ Кривашија и Љубица Мигуловска и до останатите вработени од општинската администрација од посочените одделенија и од Одделението за економски развој.
Соработката со Архитектонскиот факултет, кој образува идни архитекти и урбанисти, може да им овозможи на студентите вклучување на високо професионално ниво на работа, а на општината своевидна поддршка и поткрепа во планирањето на идниот развој на градот Битола со свежи и визионерски идеи.

Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: прославен 17 март, Денот на Црвениот крст и денот на крводарителите (фотогалерија)
- СВР Битола: жител од Долно Оризари нападнат од лице од Кажани
- Александар Стефановски, претседател на ФК Пелистер: во моменти кога тимот се бори за секој прволигашки бод, обидите за дестабилизација не се во интерес на клубот
- Јубилејно лого на Пелистер Волеј по повод 15 години постоење
- Во Битола сончево, попладне услови за слаб дожд, темпертурата до 15 степени





