Press "Enter" to skip to content

Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла

Еурофарм Пелистер од Битола денес гостува во Полска, каде во рамките на Лигата на Шампиони игра протов екипата на Висла Плок. За овој натревар Жарко Пешевски,  кружниот напаѓач на “пелистерци, кажа дека бодот со Спортинг  од претходната рунда со кој се скрши мразот во елитното друштво ќе биде мотив на овој дуел.

-Конечно го скршивме „мразот“ во Лигата на шампионите и ни падна тој товар од грбот. Го освоивме тој бод по долго време и тој ќе ни помогне и на домашните и на гостинските натпревари да ловите два бода. Гостуваме кај одличен противник, екипа составена од интернационалци и многу добар тренер. Висла негува малку поинаков ракомет од другите. Имаат гранитна одбрана, искусни голмани и сакаат сигурен и смирен напад. Се подготвуваме максимално и имаме свои шанси, затоа што секоја екипа во Лигата на шампионите бара слаби страни на противникот, многу видео анализи. Ќе биде супер-неизвесно, тие го победија Киелце, а ние бевме подобри од Охрид во домашните првенства. Влегуваме со позитивна атмосфера и желба да ја продолжиме серијата, рече Пешевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »