Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени

Денес, петок, 18 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со  услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Температурата во Битола до 19 степени.

Утре, сабота, 19 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 17 степени.