Press "Enter" to skip to content

Отворена канцеларија на министерството за земјоделие во Општина Новаци

Денес во Општина Новаци, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, директорот на АПРЗ Пеце Стојковски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ од Битола Стојан Христовски денес ја отворија новата канцеларија која се наоѓа во општинската зграда на Општина Битола. 

Од денес, повеќе од 1.000 земјоделски стопанства од Општина Новаци и дел од Пелагонискиот регион од денес ќе имаат можност полесно и подостапно да ги користат советодавните услуги на Министерството за земјоделство и АПРЗ.

-Денеска сум повторно на посета во општина Новаци, целта е отворање на подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овој пат оваа канцеларија ќе биде опслужена заедно со вработените од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Целта е како што ветивме да продолжиме да го отвораме Министерството кон земјоделците. Во оваа општина според Регистарот има некаде околу 1.000 земјоделци кои што своите потреби ги извршувале во општина Битола. Сега ќе можат овдека земјоделците да проверуваат податоци, да аплицираат итн, рече министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.