Press "Enter" to skip to content

Празникот Свети Апостол Тома на 19-ти октомври се прославува како ден заштитник на градежниците

Светиот апостол Тома е еден од дванаесетте славни Исусови апостоли. Тома на еврејски јазик значи близнак но, во народот е попознат како Неверен Тома поради неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос. Кога по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, овие се растуриле по светот за да го шират Исусовото учење, Тома отишол во Индија. Според преданијата, се претставувал како мајстор-ѕидар, и го проповедал христијанството. Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , а најмногу ѕидарите поради тежината на нивната дејност….

По повод 19-ти октомври, со Вас споделуваме серија интервјуа со дел од одговорните лица во компаниите кои се дел од “BV Bussines Group”.БВ Инженеринг како дел од BV Bussines Group е компанија со широко поле на дејствување.

Ве молам, објаснете, кои се Вашите главни дејности?

-Како компанија со 22 годишно искуство и експертиза, нудиме професионално и квалитетно извршување на услуги од областа на градежништвото: високоградба, нискоградба, хидроградба и заштита, реставрација на објексти од културно наследство.

Ако можете да издвоите, кој е Ваш најзначаен проект ?

-Во нашето работење имаме голем број на објекти и секако сите се значајни според својата специфичност на изведба. Секој завршен објкет за нас претствавува двигател и показател за квалитена работа, врвен квалитет со што ја остваруваме  целта на нашето работење односно  во континуитет да го подигнеме нивото на стандардите и да ги  поместиме  границите на квалитетот на градба, со кој квалитет бенифит ќе има целото општество.

Кои се најчестите предизвици со кои се соочувате во текот на работата?

-Во зависност од кој аспект  го гледаме предизвикот дали е тоа од финансиска гледна точка – најголем предизвик е зголемувањето на целокупниот трошок на работењето, почнуваќи од зголемувањето на цената на градежните материјали завршувајќи со зголемувањето на платите на вработените кој е неминовен процес при зголемување на процентот на инфлација не само во државата туку и во светски рамки, овие предизвици ги решаваме со детална финансиска анализа и намалување на трошоците кои не влијаат на квалитетот на изведба . Што се однесува со секојдневните предизвици со кои се соочуваме на терен е тоа е она што не одржува на пазарот 22 години. Најголем предизвик во последениот период е недостигот на градежни работници, но со постојано вложување и усовршување на нашите вработени успеваме да ги задржиме сегашните но и да вработиме нови квалификувани градежни работници. На крај можеме да констатираме дека секој предизвик за нас претставува можност со која учиме како да сме подобри во она што го работиме.“Конкрит компани” како дел од “BV Bussines Group” е компанија со широко поле на дејствување.

Ве молам, објаснете, кои се Вашите главни дејности?

-Нашите производи и услуги се користат за различни градежни активности, кои ги задоволуваат барањата на нашите клиенти и инвеститори . Како компанија, наш основен приоритет во работењето е почитувањето на еколошката етика и заштита на животната средина, кој практично го применуваме во секој наш проект. На пазарот го нудиме следното портфолио на производи: Бетон за градежни цели, Улични Ивичњаци, Асфалт за градежни цели, Производи на кнауф за градежни цели и Грејни тела – радијатори ,,АЛГРЕТА

Ако можете да издвоите, што е најзначајно во Вашето работење ?

-Конкрит компани на пазарот постои 5години ако издвоиме на прво место е тимот на вработени кој го испорачува постојаниот квалитет на производи кои ги нудиме на пазарот, потоа набавка на нова асфалтна база со капацитет 240 тони на час и нова бетонска база со капацитет од 120 тони на час, а во бројки и факти и испораката на 50 000 метри кубни бетон и 50 000 тони асфалт.

Кои се најчестите предизвици со кои се соочувате во текот на работата?

-Работата на градилиште сама по себе носи голем број на предизвици, но со добра организација и постојан мониторинг на вработените го постигнуваме она што значи квалитет за инвеститорот.

Tекст: ПР Линк Маркетинг

Фотографија: архива на БВ Бизнис Гроуп