Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: панаѓур кој предизвика многу реакции, Нова Битола беше како Шутка (фото)

-Во октомври 2014 година во близина на Новиот пазар и тогаш новиот и луксузен трговски центар “Кеопс“ се намести импровизиран пазар на отворено што во многу нешта наликува на пазарот во Шутка, а бепе крстен панаѓур, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Стотици трговци, во овој дел на Битола, отворија “трговски центар“ каде што можеше да се
купи од игла до локомотива, а како велиме вриеше од купувачи, иако, ова не беше за првпат во Битола, да се отвора ваков пазар.Битолските трговци со право реагираат, а реагираа на тоа што ними за секој продаден производ им се бараат фискални сметки, и уредно водење на книговодството, на тезгите во Нова Битола се продаваше во готово без издавање никаков документ.Во “новиот пазар“, не навраќаа ниту инспекциските служби, коишто на другите делови од
Битола ревносно водат контрола за дневниот промет.Тогаш тезгаџиите кои до Битола дојдоа од цела Македонија, велеа дека за секоја тезга, платиле по 100 евра, но притоа не кажуваа кој ги зел тие пари и кој беше вистинскиот организатор на панаѓурот.Од тогаш во Битола имаше уште еднаш или два пати организирано ваков начин на продавање на призводи, но “пазарот“ беше префрлен на друго место, кај Дулието.