Press "Enter" to skip to content

Пелистер победи, не издржа отпорот на Куманово во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Куманово 88:74

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа тимот на Куманово, со резултат 88:74, во рамките на третото коло на Првата македонска лига, во натпревар во кој гостите “се држеа“ до средината на третата четвртина, а последната “пелистерци“ само рутински ја одработија.Кошаркарите на Пелистер го забележаа и третата победа во три кола и имаат сто проценти  бодовна реализација, откако тимот на искусниот Александар Петровиќ веќе “ги доби“ Тиквеш Голден Игл и МЗТ Скопје Аеродром.Првата четвртина мина во корист на гостите од Куманово кои преку искусниот центар Луковиќ и неговите постигнати 11. Куманово дојде и до двоцифрена предност 17:27. Потоа во игра влезе Лука Стојановски кој погоди две тројки, враќајќи го Пелистер во ритам и преполовувајќи ја негативата до крајот на четвртината 25:30.

На стартот на втората бележиме лоши судиски одлуки, и две технички грешки за Марин Докузовски и Бобан Стајиќ. Завршницата од полувремето мина во знакот на Александар Костоски кој донесе пресврт, а по неговата асистенција до Едвардс домаќините заминаа на одмор со предност од 50:47.Во третата четвртина Пелистер неколку пати стигнуваше до +6 но гостинскиот тим дојде и до водство од три поени (61:64). Лука Стојановски повторно погоди две тројки во серија за „зелено-белите“ и го врати Пелистер во водство, а потоа погоди уште една “тројка“ и го врати Пелистер во водство од 71:66.

Четвртата четвртина започна со игра која со аплауза ја наградија љубителите на кошарката во Битола. Пелистер за брзо дојде до +12 (76:66). Докузовски зеде тајмаут, но Пелистер продолжи да го контролира резултатот. Пелистер имаше и 84:69 по што се предадоа и гостите, па Пелистер на крајот го доби овој натпревар со 88:74.Лука Стојановски ја има улогата на херој со пет погодени тројки за вкупно 15 поени, Едвардс имаше дабл-дабл од 19 поени и 10 скокови, додека Мишковиќ го заврши мечот со 18 поени.