Press "Enter" to skip to content

Пелистер и Шкупи играа реми, за по еден бод, под Тумбекафе во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Шкупи 0:0

Попладнево во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ во рамките на 10. коло од Првата фудбалска лига на Македонија, екипите на Пелистер и Шкупи, кој дојде во Битола како фаворит, играа без голови и поделија по еден бод.Натпреварот започна со шансата на Кардиу на кој домашниот голман Андреј Јовчевски не му дозволи да направи нешто повеќе од шанса, а Јовчевски не му доволи на капитенот на Шкупи, Диене, да постигне гол по ударот од далечина.Пелистер првиот посериозен обид да постигне гол го имаше преку капитенот Ивановски кој биеше со глава, но за жал над голот на Шкупи.На стартот од вториот дел се повреди Бојан Спиркоски, а на терен беше бразилецот Фернандињо, кој дојде до шанда за гол и биеше, но повторно како и Ивановски, над голот.До крајот на натореварот двете екипи се обидуваа да дојдат до прв гол и бодови, но тоа не дојде, а кај Пелистер се обидуваа Ивановски и Талевски. Во судиското време гостите имаа прилика да додјат до гол, но повторно одлично реагираше домашниот голман Јовчевски.Пелистер по 10 одиграни кола, со 11 бода се наоѓа на 9. место на табелата.

Фото: Сашо Ристевски