Press "Enter" to skip to content

Кружниот напаѓач од Египет, Мохамед Мамдух Шебиб, ново засилување во Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер во Битола донесе ново засилување, се работи за кружниот напаѓач на египетската репрезентација, Мохамед Мамдух Шебиб, кој потпиша договор со првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер за сезоната 2024/25 и следната сезона 2025/26.
 
-Во Битола доаѓа роден победник и пивотмен со големо интернационално искуство. Шебиб во досегашниот тек на сезоната настапуваше во Кувајт, но во Европа јавноста го запозна како ракометар на Монпелје и Динамо Букурешт. 35-годишниот Шебиб има скоро 200 настапи за египетската репрезентација, за која настапува петнаесет години. Повеќекратниот шампион на Африка, освојуваше титули насекаде каде што настапуваше во своите клубови: во Египет, Франција, Романија, Катар… Со Монпелје ја освои Лигата на шампионите во 2018 година, романското првенство и Куп со Динамо Букурешт, азиската Лига на шампиони, првенството и Купот на Катар со Ал-Џаиш, африканската Лига на шампиони, првенството и Купот на Египет со Замалек и уште многу, многу други трофеи, соопштија од Еурофарм Пелистер.
 
Шебиб ќе биде регистриран за натпреварите на Еурофарм Пелистер во Суперлигата и Лигата на шампионите уште од оваа недела. Неговото претставување е предвидено в петок на 25 октомври.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »