Press "Enter" to skip to content

Првиот турнир во одбојка во младинска категорија се одигра во Битола (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Шкендија Волеј 2:0

Пелистер Волеј – Наковски Волеј 1:2

Викендов во Битола во спортсака сала на медицинското училиште се одигра првиот турнир во младинска конкуренција во рамките на групата “А“ каде настапуваат и младите одбојкарки на Пелистер Волеј.Првиот натпревар Пелистер Волеј против Шкендија Волеј го доби со службен резултат, а во вториот натпревар против екипата на Наковски Вилеј се поразени со 1:2 по сетови.-Вториот натпревар на младинскиот турнир во Битола го игравме против екипата на Наковски Волје во кој видовме убава и драматична одбојка против екипата на минатогодишниот шампион во оваа конкуренција. Натпревар кој го загубивме несреќно со 1:2 иако водевме со 1:0 по што имавме неизвесен втор сет, но во тој момент несреќно ја загубивме Мила Андоновска. Потоа се повреди и Марија Димитровска и на терен не излезе ни коректор Анастасија Ристевска  вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.Повредите ја изместија од ритам екипа и немаа решение како да го завршат натпреварот во своја полза, па на крајот освоија 1 бод за првиот сет или вкупно 4 на првиот турнир.

Фото: Дамијана Ристевска