Press "Enter" to skip to content

Студентски тим билдинг меѓу колеги од УКЛО Битола и УКИМ Скопје

Заеднички студентски настан ја обедини младешката енергија на студентите од УКЛО И УКИМ. Првиот тим билдинг одржан во Битола  ја покажа моќта на обединетиот колективен потенцијал на студентите од двата универзитета. Тимското дружење покажа дека има многу простор за напредок, особено ако се дејствува интегрирано и координирано за да може да успеат во реализирањето на напорите за посодржаен и поквалитетен студентски живот.Според претседателот на УСС УКЛО, Борис Гушевски, едукативниот дел започна со прекрасен говор на ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски којшто тим билдингот го опиша како „предвесник за интензивирање на соработката помеѓу нашите два универзитета, нешто што и нас многу не радува“.Во рамки на осмисленото јакнење на студентскиот дух одржани се неоколку корисни и креативни предавања. Студентите разговараа со м-р Зорица Николова, лиценциран прихотерапевт на теми поврзани со стресот особено оној што е близок до академските, но и личните резултати, при што е потенцирано дека клучен дел во менаџирање на стресот се физичката активност и вежбањето.Со Евита Иванова студентите дискутираа за македонската берза и за инвестирање на домашниот пазар, особено купувањето македонски производи – зошто е корисно и важно да вложуваме во македонски фирми. Не помал интерес предизвика и темата за планирање на времето и приоритетите, за што, проф. д-р Јана Клопчевска предочи дека клучот е во балансот – кога станува збор за кариерни и бизнис одлуки.Едукативниот сегмент опфати уште една омилена студентска тема: Еразмус+ мобилностите и како да се искористат до максимум за што е дискутирано со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, Марко Ѓоргиевски кој посочи дека – Еразмус+ е извонредна можност за да излезат од комфорт зоната, да се запознаат што прават нивните врсници низ Европа и првпат да се запознаат со културолошки разлики“.Младешката синергија од УКЛО И УКИМ со првиот тим билдинг ја потврди вредноста на заедништвото кај студентската популација, која очигледно и воопшто не ја изгубила својата важност. Подобро утре не може да се постигне без прогресивна и проактивна студентска популација која е подготвена да се соочи со предизвиците на современото општество, со артикулација на интересите, но и глас што се слуша и почитува. Сега кога и практично е потврдена важноста на студентската дружба со интересни тим билдинг активности, УСС УКЛО И УСС УКИМ имаат добра основа да продолжат да унапредуваат слични меѓуколегијални настани.

More from ВестиMore posts in Вести »