Press "Enter" to skip to content

Тимот на ТСК Степ од Битола на прием кај министерт за спорт Борко Ристовски

Членките на танцивиот спортски клуб Степ од Битола по одличниот резултат во Белград, Србија, на Европското првенство, беа примени од министерот за спорт и млади Борко Ристевски.

Ристовски по средбата во неговиот кабинет рече:

-ВоДенеска во Министерството за спорт со огромно задоволство ги пречекав членовите на Танцoва Спортска Федерација, кои достојно ја претставија нашата земја на Европскиот шампионат во латино кореографија во Белград. Нашите претставници од Белград се вратија со исклучителни резултати – групата „Mini stars“ освои прво место во категорија младинци, а групата „Stars“ беше втора во категоријата возрасни. Честитки за огромниот успех и ви посакувам уште многу успешни настапи и победи во иднина!