Press "Enter" to skip to content

Одржана интересна работилница за бруцошите на УКЛО Битола (фото)

Во организација на Универзитетското студентско собрание и Студентскиот правобранител на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, одржана е работилница „Започни мудро, заврши успешно“ наменета за студентите во прва година на прв циклус судии на УКЛО.Целта на овој интересен настан е бруцошите да се запознаат со постојните студентски тела на УКЛО, со своите права и обврски и воедно да се поттикнат да учествуваат во активности што се организираат за нив и да ги осознаат придобивките што ги добиваат како студенти на Универзитетот.Претседателот на УСС УКЛО, Борис Гушевски и студентскиот правобранител,  Стојанка Ќупчева, со инспиративни обраќања ги охрабрија бруцошите да излезат од својата комфорн зона, да научат како да се справат со студентските обврски, но истовремено да бидат и проактивни и да се надградуваат како личности.Проректорката за студенстки работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, поздравувајќи ги ваквите настани, напомена дека УКЛО е првиот државен универзитет во земјава што има изготвено Правилник за вреднување на воннаставните активности на студентите кој предвидува добивање дополнителни ЕКТС кредитити за нивните ангажмани надвор од наставата.Бруцошите се информираа и за работата на Психолошкото советовалиште на УКЛО, а беа запознати и за соработката на Универзитетот со Општинската организација на  Црвениот крст – Битола.

Свои обраќања имаа и претставници од невладината организација Секој студент–Скопје  во својство на партнери во организирање на работилницата.