Press "Enter" to skip to content

Поразот на Еурофарм Пелистер од Алкалоид донесе и оставка на Бранислав Ангелевски

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 32:25

Во рамките од 8. коло од Супер лигата екипата на Еурофарм Пелистер е поразена во Автокоманда од Алкалоид со резултат 32:25, а по поразот тренерот “пелистерци“ Бранислав Амгелевски поднесе оставка. За Еурофарм Пелистер ова беше втор сезонски пораз во домашниот шампионат, по поразот од Вардар, а Алкалоид останува на прво место на табелата со максимален број на бодови.

Натпреварот започна со предност на домаќините од 4:1, по што Еурофарм Пелистер намали на  4:3. Следуваше период во кој се играше гол за гол, а битолчани имаа и 6:6. Но во последната третина од полувремето Алкалоид одново влезе во позитивна серија и на одмор замина со +4 (16:12). 

Второто полувреме започна со намалување на водството, но по 5 минути беше 19:14. Највисоко разлика има домаќините 24:17, по што Пелистерци намалија на само на -5 (25:20). До крајот на дербито домаќините никакво изненадување и заслужено со 32:25 впишаа огромни бодови на своето конто.

Најефикасен кај Пелистер беше Филип Кузмановски, кој постигна 12 гола.

-Бранислав Ангеловски си поднесе оставка од функцијата прв тренер на Еурофарм Пелистер. Среќно понатаму Бранко, ти благодариме за се!, напишаа од Еурофарм Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »