Во хотел “Молика“, по иницијатива на управителот на ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола – Горан Исков, се одржа работен состанок со засегнатите страни во национален парк “Пелистер“ и ски-центарот “Копанки“ во пресрет на зимската туристичка сезона и нејзин успешен старт.
Целта на оваа средба беше дискусија за добар старт на претстојната скијачка сезона.
На средбата беа присутни и заменикот градоначалник на Општина Битола, директорите на сите јавни претпријатија, раководителот на Македонија пат, претставници на Национален парк Пелистер – Битола.
На работниот состанок беа и претставници на зимски спортски клубови, претседател на велосипедска федерација на Македонија, Extreme Bike Club – Битола, Mountain Solution, ПСК Пелистер, ски-клуб Молика, Alpine Molika и претставници на други здруженија, се со цел успешна зимска сезона на ЕСМ Молика, ски-центарот Копанки, национален парк “Пелистер“, соопштија од ЕСМ Молика.

Координативен состанок во пресрет на зимската туристичка сезона во хотел “Молика“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битолчани и вечерва ја испочитуваа традицијата во чест на 40 маченици, се искачија на Кркардаш, на Баирот, над Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: пронајдена дрога – лишени од слобода три лица
- In memoriam: Драги Гроздановски
- Даскаловски: можаме да играме уште поквалитетно почнувајќи од утрешното дерби со ТФТ
- Филмските дела инспирација за македонските дизајнери и учениците за креациите дел од Креативен ден во Битола





