“Манаки продукција“ од Битола го прослави својот јубилеј, 10 години работа, со прослава со голем број гости и се разбира со роденденска торта. На прославата по повод роденденот беа присутни роднини, пријатели, колеги, соработници, деловни партнери.
Томислав Николовски сопственик на “Манаки продукција“ по повод јубилејот возбудено изјави:

-Вечерва прославуваме 10 години јубилеј на “Манаки продукција“ со нашите најблиски, но тука со нас на овој значаен ден за нас се и нашите колеги, соработници со кои сите овие 10 години имавме добра и успешна соработка. Таа е заснована на довербата која ја стекнавме низ изминативе години, а ја заслуживме со квалитетни услуги.
По повод јубилеј “Манаки прдукциј“ до крајот на оваа година може да закажете термин и да добиете попуст, порача сопственикот, а посакува “Манаки продукција“ да прославува уште многу јубилеи и успешни години на работа, секако сите заедно.
[ngg src=”galleries” ids=”2166″ exclusions=”28817″ sortorder=”28815,28816,28817,28818,28819,28820,28821,28822,28823″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






