Press "Enter" to skip to content

Отворена спомен куќата на Стив Наумов со емотивна претстава за неговиот живот и револуционерно дело (фотогалерија)

Вечерва во Битола на улицата “Пецо Божиновски“ бр. 11 во непосредна близина на истоименото основно училиште во Битола на свечен начин беше отворена реконстуираната  “Спомен куќата на Стефан Наумов -Стив“, а внатре во родната куќа на народниот херој беше изведена театарска претстава кој ги трогна сите присутни. На народниот собир во Битола, кој се одржа пред Спомен куќата, на денот на раѓањето на народниот херој Стив Наумов (27 октомври 1920 г.), присутни беа потпретседателката на Собранието на Македонија – Весна Бендевска, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, директорот на Завод и музеј – Зоран Николовски, претседателот на Сојуз на борци Битола – Стефан Бошков, потомците на Стив Наумов, почитувачи не неговото дело… Градоначалникот Тони Коњановски вечева на отворањето на Спомен куќата рече:-Се наоѓаме во предвечерието кога Битола слави 80 години од денот на ослободувањето, а годинава Музејот слави 90 години од денот на формирањето. На денешен ден е роден Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата куќа ќе биде трајна. Стив со својата саможртва е опомена за сите нас дека секогаш треба да се оддава почит, да ги учиме младите како што тоа го прават учениците од училиштето кое го носи името на Стив Наумов. Со оваа Спомен – куќа воедно ја зголемуваме туристичката понуда за градот Битола кои ќе знаат за нашата богата историја и народноослободителната борба, истакна Коњановски.Заменик претседателката на македонското Собрание Весна Бендевска на вечерашната промоција на реконструираната Спомен куќа на Стив Наумов во Битола, рече:-Семејството на Стив Наумов треда да се гордее со Стив Наумов, а Битола од секогаш раѓала херои и затоа Битола има право и должност да се гордее и да ги слави и никогаш да не ги заборави хероите. На младите луѓе им објаснуваме дека на Партизанските гробишта во Битола има еден празен гроб во кој не се посмртните останки на Стив Наумов затоа што по неговото паѓање за слобода на Македонија во селото Болно, Ресенско, Стив бил погребан на место кое веднаш станало Свето место за секој слободоумен Македонец. За да го спречат тоа, бугарските фашистички окупатори го откопале местото и од тогаш до ден денес никој не знае каде почиваат останките на Стив. Но, ние знаеме, Стив е во нас, во нашето срце и ние даваме завет. Знаеме дека фашизмот не е мртов. Ваквите споменици во чест на хероите обврзуваат и заветуваат никогаш да не ги заборавиме и секогаш да имаме на ум дека на 22 годишна возраст кога се сака Македонија, за неа вреди и животот да се даде. Токму затоа никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, бидејќи тоа е наша обврска.Пред Спомен куќата на народниот херој Стив Наумов зборуваше и неговиот внук, Стефан Бошков кој на приситните и раскажа сеќавања за деновите од младоста на Стив Наумов и некои моменти кои во неговото семејство оставиле неизбришлива трага, како што е соопштувањето на одлуката да се посвети на делото и да загине за Татковината на неговата мајка, како неговиот татко ја примил и доживел веста за неговата смрт… но и за тоа како Стив на два пати спречил бугаризирање на Илинден.-Првиот пат тоа го направил на Ат-Пазар кога отганизирал деминстрации, а вториот пат кога со својот одред “Дамјан Груев“ влегол во село Смилево пред Илинден, откако ја открил идејата на бугарските фашисти таму да го слават Илинден, да прават голема прослава и да присуствува министерот за внатрешни работи на Бугарија. Сето тоа било во воено време. Затоа сакам да упатам порака до младите, бидете храбри, бидете упорни, бидете достоинстени за да си задржиме нашата сакама Република Македонија, рече Бошков.Потоа се одржа театарската претстава посветена на животот на Стив Наумов, со посебен акцент на неговото револуцинерни дело и неговата редолуционерна актиност. Во улогата на Стив Наумов беше битолскиот актер Валентин Дамчевски, а во улога на неговата мајка Соња Михајлова.Претставата која беше адаптирана да се одигра во родната куќа на Стив Наумов на двата ката, а започна на пред влезната врана на улицата, предизвика лавина на емоции, а кај наголем број на присутни им навираа созли, гледајчи го “во живо“ животот на Народниот херој.Директорот на Завој и Музеј Битола – Зоран Николовски по претставата ги покани сите да ја разгледаат спомен куќата и рече:-Сакам на крај да се заблагодарам на присутните кои се тука на отворањето на Спомен куќата на народниот херој Стив Наумов, и сите вработени во Завод и Музеј Битола кои со натчовечки напори овие изминати денови го направија ова што вие вечерва ќе го видите оваа стара куќа која сега е во ново руво. Сакам да му се заблагодарам на режисерот Јовица Павиќ, кој што од Белград дојде само за оваа пригода, како и на театарската група од најмадиот до највозрасниот.

С.Ристевски

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »