Пелистер денеска го очекува нов огромен предизвик, во рамките од третото коло од АБА2 лигата во салата „Боро Чурлевски“ во Битола (18 часот) гостува српскиот претставник Џокер.
Како момците на тренерот Александар Петровиќ ќе го пречекаат составот на Џокер од Сомбор, Петровиќ вели:
-Ни доаѓа еден тим кој навистина е во подем и организациски и играчки и резултатски. Очекувам добар натпревар, добра посетеност и нормално нашите верни „Чкембари“ да дојдат и да ни дадат поддршка. Изминатата седмица имавме кадровски проблеми, цело време трениравме со седум-играчи, воопшто и немавме тренинг пет на пет и тоа се одрази на нашето издание против Гостивар. Сега ситуацијата е подобра, се комплетиравме со сите играчи со исклучок на Бојиќ кој се уште е повреден. Секако дека очекувам реакција по поразот од Гостивар, ние на домашен терен сме поинаква екипа,го имаме зад себе шестиот играч во нашите навивачи, очекувам квалитетен меч и секако во тој натпревар на крајот ние да се радуваме. Го анализиравме противникот, ги знаеме квалитетите на Џокер, главна цел ќе ни биде да ја затвориме нивната офанзивна транзиција и да го исконтролираме скокот, изјави тренерот Петровиќ.

Александар Петровиќ: победата е апсолутен приоритет за Пелистер на дуелот со Џокер
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Ќе биде дерби во Битола – влезниците распродадени за неколку минути, прва битка за титула
- Еурофарм Пелистер утре во 13,30 часот ги пушта во продажба билетите за дербито со Вардар






