На 31.10.2024 во 12.39 часот во СВР Битола, било пријавено дека на ул. ,,8 Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од 71 годишник од Битола и патничко моторно возило „форд”со битолски регистарски ознаки, управувано од 60 годишно лице од Битола. Возачот на “шкодата“ починал, а смрт констатирал доктор од Клиничка болница Битола. Увидот во присуство на јавен обвинител го изврши увидната екипа на СВР Битола.
На 31.10.2024 полициски службеници од СВР Битола на ул. „Столарска “ во Битола го лишиле од слобода Б.И.(31) од Битола . При преглед кај него била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 31.10.2024 во СВР Битола М.Т.(42) од Битола, пријавила дека нејзиното дете било каснато од неколку кучиња скитници.
На 31.10.2024 во СВР Битола T.Б.(39) од Битола, пријавил дека на ул.„Даме Груев” во Битола бил каснат од куче скитник .
На 31.10.2024 во СВР Битола Л.Р.(42) од Битола, пријавила дека на ул.„Црвена вода”во Битола нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник .






