На денешен ден, 4 ноемри, во 1944 година, пред точно 80 години, борците на 49-тата дивизија на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија во чии состав биле и борците на Седмата битолска бригада, победоносно марширале низ Битола, откако го ослободиле градот од окупаторот.
Општина Битола пред десетина дена го започна празнувањето на Денот на ослободвањето, а вечерва е централната прослава, односно Свечената академија каде ќе бидат доделена наградата за животно дело, а ја добива Борис Чоревски.
Празничната програма е обемна, синоќа се одржа традиционалната ноќна атлетска трка, 66 по ред, односно најстарата спортска манифестација во Битола, која ја организира Сојузот на спортови на Битола.
Вечер во изложбениот салон на Офицерски дом ќе биде отворена изложба „Битола – слободна“ чиј организатор е битолскиот Архив, а празнични манифестации ќе бидат одржани и во наредните денови.
Инаку, да потсетиме, за време на Втората светска војна, околу 270 борци од Битола и Битолско ги положиле животите за слободата на градот и според востановената традиција, претпладнево на Партизанските гробишта ќе биде положено цвеќе.