Press "Enter" to skip to content

Одржана 19. роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржа 19. Роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија. На оваа средба учество зедоа голем број роднокрајни писатели кои и оваа година доставија своите дела на повикот за изработка на Зборникот од тркалезната маса на тема „На страниците на една книга“.

Средбата ја отвори директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски, кој изрази благодарност до присутните за нивната соработка и им посака уште многу години заедно да ја одржуваме оваа роднокрајна средба.

Пред присутните гости и писатели се обрати и координаторот на проектот библиотекар м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски, исто така заблагодарувајќи им се за нивниот целокупен ангажман во креирање на македонскиот пишан збор во Зборник кој ќе остане трајно сведоштво и придонес кон македонската литература и книжевност.

За сам почеток сите присутни има можност да слушнат прекрасна изведба на професорката Николина Поповска која прочита текст напишан од писателот Добре Тодоровски во чест на прерано заминатиот роднокраен автор Панде Манојлов.

Присутните гости потоа има можност да слушнат дела од роднокрајни писатели: Добре Тодоровски, Илче Стојановски, Светлана Папачек, Сања Видановска-Мучкајева, Даниела Андоновска-Трајковска, Весна Муднишевска-Вељановска, Милица Радевска, Биљана Тодоровска, Митра Дупчиновска и Елизабета Јончиќ) кои присуствуваа на средбата. За жал дел од роднокрајните автори од оправдани причини не можеа да присуствуваат, но со свои дела го збогати ја Зборникот, а тоа се: Петре Димовски, Златко Жоглев, Ванде Ганчевски, Биљана Димко, Христо Петрески, Мирјана Стојановска, Никола Илијовски и Јована Матевска Атанасова.

Промоцијата на Зборникот од 19. роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија ќе се реализира во склоп на настаните по повод патрониот празник на Библиотеката, а истиот може и да се најде на полиците.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »